Шасивари свикува средба во среда за измените на Изборниот законик
Министерот ги повикува партиите да ги усогласат ставовите; Левица постави краен рок, СДСМ инсистира на прашањата за дијаспората и ливчето.

Министерот за правда Шасивари во среда ќе направи нов обид да ги седне на иста маса претставниците на парламентарните партии за да ги приближи ставовите околу измените на Изборниот законик и да ги намали разликите кои постојат меѓу партиите.
Левица, која најсилно реагираше против политичкото рекламирање за време на кампањите, денеска им даде краен рок на останатите партии пред да преземе соодветни чекори. Партијата ќе го почека состанокот во среда и најави дека ќе се појави, но очекува и другите парламентарни групи позитивно да одговорат на поканата, по што ќе одлучува за следните потези. Како опција не ја исклучуваат можноста етапно да доставуваат свои предлози до пратеничките групи доколку и овој обид пропадне.
Од СДСМ преку кратка изјава за ТВ 24 потврдија дека нивните позиции остануваат непроменети додека не се усвојат нивните барања за гласањето на дијаспората и забелешките за начинот на заокружување на ливчето. СДСМ јасно порача: "Се додека постои опција за изборна измама и не бидат исполнети нашиоте барања во делот на дијаспората и она што го баравме за заокружување на ливчињата нема да се појавиме на таква средба. Во моментот кога тоа ќе биде тоа надминато претставниците од пратеничката група на СДСМ ќе можат да бидат дел од некоја од идните средби".
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, којашто повеќепати ги обвинуваше СДСМ и Левица за несериозност, повторно рече дека е подготвена да прифати една изборна единица и зголемување на средствата за помалите партии доколку се постигне договор за нов закон. Партијата го нагласи дека дијаспората останува стратешки приоритет и предложи гласање по пошта како еден од можните модели.
Бројот на амандмани и правниот контекст
Иако во законодавниот дом се одржуваа координации, опозициските партии најавија тешка „бројка“ амандмани — околу 13 илјади, според пратенички извори. Левица тогаш најави дека ќе поднесе околу 3 илјади амандмани.
Одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка по иницијативата на Левица за рамноправно распределување на средствата за платено политичко рекламирање дополнително ги заостри позициите на партијата во Собранието. Пред почетокот на последните обиди за измени, СДСМ најави дека ќе поднесе околу 10 илјади амандмани.
Фото: прес-материјал од настанот


