Почетна
Спорт

Шкендија (А) трета на табелата по седмото коло

Шкендија (А) од Арачиново има 13 бода по победата од 1:0 над Скопје на Чаир.

·Спорт
Шкендија (А) трета на табелата по седмото коло

Дебитантот во елитата, Шкендија (А) од Арачиново, е најголемото изненадување во почетокот на сезоната во ПМФЛ — по седмото коло тимот има 13 бода, со четири победи и едно реми од седум натпревари, откако на Чаир го победи Скопје со 1:0.

Табелата и резултатите

Пред тимот од Арачиново се само Шкендија Тетово со 16 и Струга ТЛ со 14 бода, односно +3 и +1 бод повеке. Вардар е на петтото место, со два бода помалку од Шкендија (А).

Победата 1:0 на Чаир беше прва домашна радост за Шкендија (А) оваа сезона; претходно тимот славеше само на гости — кај Башкими, Арсими и Брегалница. Тоа беше единствениот меч од седмото коло кој не заврши нерешено.

Силекс и натаму не знае за победа, во четврти меч по ред, и речиси загуби дома со Брегалница. Башкими и Вардар одиграа возбудливо 3:3. Шкендија Тетово имаше 2:0 и пак не го победи Арсими, а Тиквеш и Струга ТЛ одиграа 2:2.

Табела по седмото коло:

  • 1. Шкендија 16
  • 2. Струга ТЛ 14
  • 3. Шкендија (А) 13
  • 4. Тиквеш 12
  • 5. Вардар 11
  • 6. Силекс 8
  • 7. Арсими 8
  • 8. Брегалница 7
  • 9. Башкими 4
  • 10. Скопје 3

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи