Почетна
Спорт

Шкендија Арачиново: ВАР-преглед доведе до пенал и црвен картон, претставници влегле во судиската соблекувална

По ВАР-прегледот судијата досуди пенал и покажа директен црвен картон, а преставници на домашниот тим влегле во соблекувалната и навредувале официјални лица.

·Спорт
Шкендија Арачиново: ВАР-преглед доведе до пенал и црвен картон, претставници влегле во судиската соблекувална

На 17.10.2026, на натпреварот од 10. коло во Првата МФЛ меѓу ФК Шкендија Арачиново и ФК Струга Трим Лум, во 24. минута се случи клучна ВАР-интервенција која ја промени судбината на мечот.

Пенал и директен црвен картон по ВАР-преглед

Во спорната ситуација напаѓачот со бр. 9 од Струга е недозволено спречен додека бил во очигледна шанса за постигнување гол, откако дефанзивецот на домашниот тим со бр. 3 го влечел и го задржувал противничкиот играч. Главниот судија првично дозволи играта да продолжи, но ВАР тимот го отвори протоколот и побара OFR поради можен прекршок за казнен удар и директен црвен картон за спречување очигледна шанса за гол (DOGSO).

По извршениот преглед на терен, судијата ја промени првичната одлука, досуди казнен удар и му покажа директен црвен картон на одбранбениот играч. Во оваа постапка беше доследно применет ВАР протоколот и критериумите од Правилата на фудбалската игра.

Воедно, во записникот од натпреварот е констатирано дека преставници и неслужбени лица поврзани со домашната екипа ФК Шкендија Арачиново влегле во судиската соблекувална и упатиле навреди кон судиите и официјалните лица на Фудбалската федерација на Македонија. Инцидентот е записнички констатиран.

Фудбалската федерација на Македонија и Судиската организација најостро го осудуваат ваквото недолично и неспортско однесување, а за случајот ќе биде иницирана соодветна дисциплинска постапка пред надлежните органи на ФФМ.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи