Почетна
Спорт

Шкендија бара излез од мини – кризата пред мечот со залетаниот Башкими

По две кола со само еден бод, лидерот на ПМФЛ ги пречекува залетаните Кумановци во Гостивар.

·Спорт
Шкендија бара излез од мини – кризата пред мечот со залетаниот Башкими

Шкендија го бара излезот од мини‑кризата кога денеска, на 18.09.2026 во 16:00 часот, во Гостивар ќе го пречека залетаниот Башкими.

Од „Пет од пет“ до неизвесност

До пред две кола во таборот на Шкендија сè беше „Пет од пет“ со голема бодовна предност пред ривалите, особено пред Врадар. Потоа следуваше поразот од Тиквеш на домашен терен и ремито со Арсими во меч во кој тетовци водеа и со 0:2 — само еден бод од можните шест. Лидерот веќе не е така сигурен и има само +2 пред Струга ТЛ и +3 пред Шкендија Арчиново.

„ Јасно е дека сме во мини – криза, која е нормална за екипи кои долго играат во Европа како Шкендија. Природно е да има замор. Сепак еве шанса денеска да славиме. Го респектираме Башкими, тим кој што во последно време игра одлично, но ако ние бидеме вистинските не би требало да има проблеми за нас“ изјави напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими.

Башкими е во налет. Кумановци во последните два меча освоија четири бода против Скопје и Вардар, и дефинитивно овој Башкими не е истиот од пред 2–3 недели.

„ Секогаш кога се игра против Шкендија атмосферата е специфична. Се соочуваме со тим кој има шампионски амбиции, квалитетен играчки кадар, но ние бело знаме не истакнуваме. Во овој меч влегуваме да извлечеме позитивен резултат“, истакна играчот на Башкимим, Андри Стафа.

Мечот во Гостивар почнува во 16:00 — Шкендија ќе се обиде да ја скрши негативната низа, додека Башкими ќе се обиде да ја продолжи добрата форма.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи