Шкендија им даде професионални договори на Џеладини и Абдурамани
Двајца адутa од фудбалската школа го добија првиот професионален договор и ќе бидат дел од плановите на првиот тим.

Шкендија ги потпиша своите двајца млади играчи од фудбалската школа со први професионални договори — играчот од средниот ред Лириан Џеладини и левиот бек Анес Абдурамани.
Џеладини, кој задутре полни 19 години, потпиша двегодишен договор откако дебитираше во официјален натпревар минатата сезона и имаше настапи и во тековната сезона. Абдурамани, на 18 години, го имаше своето деби во победата од 4:1 над Брегалница и досега има пет настапи за првиот тим; тој стави потпис на договор со траење од 3,5 години.
Инвестиција во академијата и патот кон првиот тим
И двајцата млади фудбалери велат дека договорите се поттик да продолжат со интензивна работа и усовршување. „Многу сум среќен за овој чекор и благодарен за довербата на клубот. Договорот е дополнителна мотивација да продолжам да работам со посветеност, да се подобрувам секој ден и да го давам најдоброто за црвено-црниот дрес “, изјави Џеладини.
Абдурамани од своја страна порача: „Овие договори се дополнителна мотивација за нас кои пораснавме во школата на Шкендија. Ќе продолжиме да работиме напорно, да напредуваме како фудбалери и да ја наградуваме довербата на клубот со најдобри можни настапи“.
Спортскиот директор Ерхан Селими го оцени потегот како јасен сигнал за посветеноста на клубот кон развојот на сопствените таленти: „Среќни сме што формализираме професионални договори со двајца млади фудбалери, кои го докажаа својот потенцијал. Се надеваме дека овој чекор ќе биде дополнителна мотивација да продолжиме да работиме со посветеност и да напредуваме уште повеќе таленти од нашата фудбалска школа кон првиот тим “.
Потписите на двата договора ја потврдуваат стратегијата на Шкендија да инвестираме во младите играчи и постепено да ги вклучува во првиот тим.
Фото: прес-материјал од настанот


