Почетна
Спорт

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

Рони Барџи го напушти тренингот во солзи по сериозен удар во коленото; медицинскиот тим стравува од повреда на лигаментите.

·Спорт
Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

Објавено: 10.08.2026 17:45 — Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг на Барселона: еден од фудбалерите на клубот претрпе сериозна повреда на коленото и го очекува долг период на опоравување.

Рони Барџи беше принуден да го напушти тренингот по еден дуел во тренинг центарот на Барселона. Од првичните информации од клубот се наведува дека Швеѓанецот претрпел повреда на коленските лигаменти и дека го чека долга пауза.

Медицински тим во загриженост

По судирот, Рони вреснал и останал да лежи на теренот каде што добил медицинска помош повеќе од десет минути, а на крајот го напуштил теренот во солзи држејќи се за коленото. Ситуацијата била очигледно сериозна, што го загрижило медицинскиот тим.

Медицинските служби на Барса се загрижени дека Барџи ги скинал лигаментите на коленото и веднаш го пратиле на детални прегледи. Првичните информации сугерираат дека ќе има пауза од неколку месеци и постои надеж дека лигаментите не се целосно скинати, како што му се случило во претходниот период.

Повредата е уште еден удар за Флик додека го завршува составувањето на тимот за новата сезона и ќе го принуди клубот да ги прегледа опциите во нападот пред почетокот на официјалните натпревари.

Претходно Барса ја отфрли првата понуда на ПСЖ за Феран Торес.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи