Почетна
Свет

Шпанија бара од ЕУ центар за борба против шумски пожари да се базира на Мајорка

Санчез предложи центар за реакција на шумски пожари во западниот Медитеран да биде сместен во воздухопловната база Сон Сан Хуан на Мајорка.

·Свет
Шпанија бара од ЕУ центар за борба против шумски пожари да се базира на Мајорка

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од Европската Унија формирање на посебен центар за одговор на шумски пожари за западниот Медитеран, кој, според неговото барање, треба да биде сместен на островот Мајорка.

Санчез соопшти дека испратил писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое предлага новиот центар да се лоцира во воздухопловната база Сон Сан Хуан на Мајорка.

„Локацијата што ја предлагаме за центарот за борба против шумски пожари во западниот Медитеран е островот Мајорка", изјави Санчез.

Тој посочи дека Шпанија во моментов се бори со десет активни шумски пожари со различен интензитет, меѓу кои се и новите пожари во покраините Замора и Леон, додека состојбата постепено се стабилизира во Авила и регионот на Мадрид, каде што започна укинувањето на дел од мерките за евакуација.

Аргументите зад предлогот

Премиерот ја оцени ситуацијата како „критична" и „исклучително сложена", предупредувајќи дека високите температури, ниската влажност на воздухот и силните ветрови овозможуваат пожарите да се шират многу побрзо отколку вообичаено. Тој порача дека центар за регионален одговор би ја зајакнал координацијата, логистиката и брзото распоредување на воздушни ресурси во западниот Медитеран.

Санчез ги повика граѓаните да се информираат исклучиво преку официјални извори и проверени медиуми и да не наседнуваат на дезинформации и лажни вести додека се работи на ставување на пожарите под контрола.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи