Почетна
Свет

Шпанската разузнавачка служба ги предупредила властите во Сеута пред масовниот премин

Документите покажуваат дека на 29 јули разузнавачката служба известила за групи на социјални мрежи кои повикувале на премин кон Сеута.

·Свет
Шпанската разузнавачка служба ги предупредила властите во Сеута пред масовниот премин

Националната разузнавачка служба на Шпанија (ЦНИ) на 29 јули ги известила мароканските власти и локалните власти во Сеута дека на социјалните мрежи циркулирале повици да се премине границата кон шпанската енклава во Северна Африка, стои во неодамна објавените владини документи. Материјалите беа објавени откако владата беше обвинета дека не ги споделила сите достапни информации за масовниот прилив.

ЦНИ наведува дека идентификувала групи на Ватсап и на Фејсбук кои ги охрабрувале луѓето да ја минат границата „пливајќи крај граничната ограда“. Разузнавачите процениле дека пораките биле примени до околу 180.000 луѓе.

Една од пораките која се распространувала гласи: "Кој сака да оди, има последна шанса на Денот на престолот (30 јули) во осум часот. Властите (на Сеута) ќе бидат фокусирани на прослави и паради за време на празникот", според документите кои датираат од 29 јули.

Реакции и политички контроверзи

Шпанскиот премиер Педро Санчез порано изјави дека "Настаните не можеа да се предвидат." Опозицијата, меѓутоа, тврди дека документите ја демантираат таа изјава и покажуваат дека разузнавачките служби навремено алармирале за можни мобилизации.

Најмалку 72.000 лица ја минаа границата од Мароко и влегоа во Сеута на 30 и 31 јули, најголемиот дел пливајќи околу оградата, а градоначалникот на Сеута соопшти дека најмалку 100 лица го загубиле животот при премините. Повеќето луѓе се вратиле во Мароко, но околу 5.000 останале во импровизирани прихватилишта или на улиците и плажите во Сеута, што предизвика немири во автономниот град.

Фото: Xemenendura / Wikimedia Commons (CC BY-SA 3.0)

Поврзани написи