Скапо ќе ги чини: 36 планинари евакуирани со хеликоптери во Тирол
Три семејства — меѓу нив и мали деца во колички — останаа над 2.300 м по спонтано планинарење; полицијата во Тирол најави дека ќе им испрати сметка.

Полицијата во Тирол соопшти дека сложена спасувачка акција со хеликоптери спасила 36 лошо опремени планинари — членови на три семејства, меѓу кои и мали деца во колички — откако тие останале заглавени на надморска височина од над 2.300 метри по спонтано планинарење.
Групата тргнала од точката Вилдшпицбан во близина на Зелден. Според властите, во неа имало возрасни, тинејџери и неколку мали деца и практично немала соодветна опрема за планина.
Како се одвивала спасувачката акцијата
За операцијата биле ангажирани два хеликоптера кои евакуирале 14 лица, од кои четворица биле повлечени со витло. Планинските спасувачи пеш спуштиле уште 22 лица во долината. Никој не бил повреден.
Спасувачите навеле дека групата неколкупати се нашла на тежок и опасен терен и повремено отстапувала од обележаната патека. На крајот два члена од групата побарале итна помош. Членовите на групата биле државјани на Белгија, Обединетото Кралство, САД и на Австрија.
Портпаролот на полицијата во Тирол рече дека сметката за спасувачката операција ќе им биде испратена на семејствата.
Во друг настан во Алпите, лавина во Италија уби петмина германски планинари.
Фото: MATTHIAS BEIN / AFP / Profimedia