Почетна
Македонија

Славески: Реформите можат да ја забрзаат европската интеграцијата

Гувернерот на Народната банка рече дека институционалните реформи, СЕПА и ТИПС можат да го поттикнат растот и да ги намалат трошоците за плаќање.

·Македонија
Славески: Реформите можат да ја забрзаат европската интеграцијата

Структурните реформи во пазарот на трудот, во човечкиот капитал, во деловното окружување и во добро управување можат да го зголемат домашниот БДП за околу 14 отсто, доколку се затвори половина од јазот со водечките економии во Централна, Источна и Југоисточна Европа, рече Трајко Славески на меѓународна конференција во Кишињев.

Бавна конвергенција и потреба од реформи

Гувернерот на Народната банка оцени дека реалната економска конвергенција на земјите од Западен Балкан сè уште се одвива бавно. Тој нагласи дека институционалните реформи, владеењето на правото и зголемувањето на ефикасноста на институциите се клучни за подобрување на инвестиционата клима и поттикнување на економскиот раст.

Славески посочи дека трговската отвореност на земјата во 2025 година достигнала "околу 130 отсто од БДП", што го илустрира степенот на отвореност кон странските пазари.

Како конкретен пример за придобивки од европската интеграција, тој го наведе членството во СЕПА, кое значително ги намалило трошоците за прекугранични плаќања. Славески истакна дека заштедите од пониските банкарски провизии се очекува да изнесуваат "околу 5 милиони евра во првата година."

Тој додаде дека подготовките за системот ТИПС треба да овозможат побрзи и поефикасни инстант-плаќања и со тоа дополнително да ги намалат трошоците и да го унапредат платниот систем.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи