Почетна
Спорт

Словенија и Шкотска ремизираа 0:0 во Љубљана

Нови бодови во групата: Шкотска имаше повеќе шанси, но не го совлада Облак.

·Спорт
Словенија и Шкотска ремизираа 0:0 во Љубљана

Во меч од „нашата“ Б Лига на Нации група 1, Словенија и Шкотска одиграа 0:0 попладнево во Љубљана.

Домаќинте го отворија натпреварот поактивно: во 8. минута им беше поништен гол, во 31. минута Матко промаши зицер, а две минути подоцна Дркушиќ ја погоди стативата.

Од тој момент па до крајот Шкотска беше таа која што доминираше и создаде повеќе шанси. Во 45. минута Уре ја погоди стативата на Јан Облак, а потоа пред противничкиот гол следуваше низа опасни обиди.

Во второто полувреме Облак одбрани неколку вистински закани и ги спречи најдобро организираните акции на гостите, но никој не успеа да постигне гол.

Па така, на крајот и двете селекции мораа да се задоволат со по бод, иако за другите два Шкотите беа тие кои што мора да жалат.

Познато е дека веќе во вторник Македонија игра со Словенија во Љубљана, а на 03.10. играме против Шкотска на свој терен во Скопје.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи