Почетна
Свет

Смитсонијан ја користи вештачката интелигенција за поврзување на предмети од Американската револуција

Смитсонијан користи вештачка интелигенција за поврзување на околу 10.000 предмети од 1770–1810 со дигитални весници и архиви за откривање скриени приказни.

·Свет
Смитсонијан ја користи вештачката интелигенција за поврзување на предмети од Американската револуција

Смитсонијан, најголемиот музејски и истражувачки комплекс во светот, ја активира вештачката интелигенција во проектот „Revolution Crossroads“ за да открие невидени до сега врски меѓу предмети, архивски документи и луѓе од времето на Американската револуција.

Проектот обработува околу 10.000 предмети од периодот меѓу 1770 и 1810 година. Податоците од музејските колекции се комбинираат со големи дигитализирани архиви за да се пронајдат поврзаности што тешко би се откриле со класично пребарување низ огромните архиви.

Методологијата на проектот

Вештачката интелигенција ги споредува метаподатоците и описите на предметите со дигитализирани весници, огласи и други историски извори. Системот бара имиња, места и други детали што можат да ги поврзат објектите со конкретни луѓе или настани и така генерира траги за дополнителна проверка од истражувачите.

Целта е со помош на вештачка интелегенција да се откријат приказни кои тешко би можеле да се пронајдат со класично пребарување низ огромните музејски архиви.

Создавачите нагласуваат дека технологијата не ја заменува традиционалната архивска и музејска работа, туку служи за да ги истакне најперспективните совпаѓања и мрежи кои кураторите и историчарите потоа ќе ги проверат и толкуваат.

Со поврзување на колекциите на Смитсонијан со опсежни дигитални извори, проектот „Revolution Crossroads“ има за цел да ги прошири сознанијата за секојдневниот живот и мрежите на луѓето од периодот на Американската револуција.

Фото: АП)

Поврзани написи