Собрание ја одржува 121. седница — гласање за вицегувернер и низа закони
На дневен ред се 53 точки, меѓу кои именување во НБ и прво читање на Предлог-закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*).

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја почна 121. седница, на која се наоѓаат 53 точки на дневен ред, меѓу кои именување на вицегувернер на Народната банка, ратификации и неколку предлог-закони.
Гласање за вицегувернер и прво читање на закон за странски инвестиции
Пратениците треба да гласаат за именување на Арљинда Хасани Синани за вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Народната банка претходно распиша јавен оглас за испразнетото место.
На дневен ред се и ратификациите на Конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство; Протоколот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Литванија за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола; како и договорите со Република Словенија и со Португалската Република во врска со соработката во областа на одбраната.
Се очекува на натамошно читање да биде даден Предлог-закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, како и расправа за Предлог на национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026–2030 година.
Собранието треба да го разгледа предлогот за донесување одлука за давање согласност на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија. На дневен ред се и повеќе закони по скратена постапка со кои се вршат усогласувања со Законот за високи раководители. Станува збор за измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за државната статистика, на Законот за Царинската управа, на Законот за јавните набавки, на Законот за метрологијата, на Законот за стоковните резерви, на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за Управата за јавни приходи, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за Централен регистар, на Законот за здравственото осигурување, на Законот за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, на Законот за безбедност на храната, на Законот за урбанистичко планирање, на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Законот за Регистар на задолжително социјално осигурување, на Законот за класифицирани информации, на Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа, на Законот за вештачење, на Законот за катастар на недвижности, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за рамномерен регионален развој, на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, на Законот за управување со кризи, на Законот за заштита и спасување, на Законот сигурност во железничкиот систем, на Законот за управната инспекција, на Законот за архивски материјал и архивска дејност, на Законот за здравјето на растенијата, на Законот за административни службеници, на Законот за животната средина, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за инспекцијата на труд, на Законот за извршување на санкциите и на Законот за внатрешната пловидба.
На седницата ќе се разгледува и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.
Фото: прес-материјал од настанот


