Почетна
Македонија

Собранието ја констатира оставката на заменик-министерот за здравство Јовица Андовски

Пратениците го усвоија дневниот ред на 126. седница; пред расправите беа поставени опозициски прашања.

·Македонија
Собранието ја констатира оставката на заменик-министерот за здравство Јовица Андовски

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја констатира оставката на заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.

Пратениците го усвоија дневниот ред за 126. седница. Пред расправата и гласањето за точките од дневниот ред, на почетокот на седницата беа поставени и разгледани опозициските пратенички прашања.

Главни точки на дневниот ред

На предложениот дневен ред се наоѓаат предлог-законот за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа; предлог за избор на надворешен комисионер (член) на Комисијата за хартии од вредност; и предлог-одлука за испраќање припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија - АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Покрај тоа, на дневниот ред е предлог-одлука за именување претседател и членови на одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, дополнет предлог-закон за државната ревизија во трето читање, како и предлог-одлука за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можноста за настанување нарушување со снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на државата. На дневниот ред е и барање за давање автентично толкување на член 141 став (4) од Законот за работните односи, поднесено од пратеничката Даниела Николова.

Не беше усвоен предлогот на дневен ред да се најде Законот за финансиската поддршка за намалување на последиците од економската криза врз земјоделското и сточарското производство и откупот на земјоделските производи во 2026 година по скратена постапка.

Претходно, Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието ја поддржа одлуката за испраќање 32 припадници на Армијата во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи