Почетна
Македонија

Собранието ќе ја продолжи 121. седница, на дневен ред над 40 законски измени

Пратениците ќе расправаат за Националната стратегија за безбедност на сообраќајот 2026–2030, годишниот извештај за 2025 и над 40 измени по скратена постапка.

·Македонија
Собранието ќе ја продолжи 121. седница, на дневен ред над 40 законски измени

Собранието ќе ја продолжи 121. седница денеска во 14:00 часот во салата „Македонија“, а на дневен ред се повеќе од четириесет законски измени, меѓу кои Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.

Пакет законски измени по скратена постапка

Пратениците ќе ги разгледаат и предлозите доставени по скратена постапка, кои опфаќаат низа сектори од социјалното и економското поле до статистиката и царината.

На списокот на законски решенија кои треба да бидат разгледани се и предлозите на законите за пензиското и инвалидското осигурување, задолжителните нафтени резерви, за Геолошкиот завод на Република Македонија, Фондот за осигурување на депозити, Државната статистика, Царинската управа, јавните набавки, метрологијата, стоковните резерви и за основање на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Во пакетот се вклучени промени и кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, индустриската сопственост, заштитата од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, технолошко-индустриските развојни зони, лековите и медицинските средства, Централниот регистар, здравственото осигурување, како и за основање на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и за промоција на извоз.

Пратениците ќе расправаат и за измените на законите за урбанистичко планирање, за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Регистарот на задолжително социјално осигурување, класифицираните информации, Државниот инспекторат за локална самоуправа, вештачењето, катастарот на недвижности, управувањето со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, рамномерен регионален развој и стручно усовршување и обука на административните службеници.

На дневниот ред се и предлозите за управување со кризи, заштита и спасување, сигурност во железничкиот систем, управната инспекција, архивскиот материја л и архивската дејност, здравјето на растенијата, административните службеници, животната средина, инспекцискиот надзор, Државниот инспекторат за земјоделство, употребата на македонскиот јазик, инспекцијата на труд, извршувањето на санкциите и внатрешната пловидба.

Во рамки на седницата ќе биде разгледан и Предлог-законот за дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Продолжението на 121. седница е закажано за 14 часот во салата „Македонија“ во Собранието.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи