Почетна
Македонија

Сончево и многу топло, попладне услови за поројни дождови и грмежи

Попладне во делови ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме.

·Македонија
Сончево и многу топло, попладне услови за поројни дождови и грмежи

На 23.8.2026 ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе бидат високи во текот на денот.

Попладне ќе има зголемена локална облачност и на некои места ќе се создадат услови за поројни, краткотрајни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Изолирано може да се појави невреме со силен ветер и појава на град.

За Скопје

Во Скопје се очекува сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Жителите и оние кои планираат активности на отворено треба да бидат внимателни кон ненадејни промени во времето: внезапни порои, грмотевици и засилени бури кои привремено може да отежнат движењето.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР! e-mail: meteo@telma.com.mk Instagram: @telmameteo

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи