Почетна
Македонија

Сончево и постудено: УХМР со прогноза за денешниот ден

УХМР најавува пониски температури и повремено засилен северозападен ветер.

·Македонија
Сончево и постудено: УХМР со прогноза за денешниот ден

Управата за хидрометеоролошки работи најавува сончево и постудено време за денеска, со мала до умерена локална облачност.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 2 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 12 степени. Вдолж Повардарието повремено ќе дува засилен северозападен ветер.

Детали по региони

Во Скопје времето ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални -3 до максимални 8 степени.

УХМР предупредува дека утре ќе имаме ниски утрински температури, а облачноста ќе се зголемува во текот на денот со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните делови, а во петок ќе има поинтензивни врнежи во југоисточните делови на земјата.

За викендот се очекува врнежите да се појавуваат како мешавина од дожд и снег на одделни места.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи