Сончево и релативно топло со максимални температури до 28 степени
Утро ведро, дневно сончево; во петок, за време на викендот и во вторник повремени врнежи и локални порои.

Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 3 до 28 степени.
Локални појави и ветер
Услови за појава на дожд ќе има во западните планински подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 27 степени.
В петок, во деновите од викендот и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи.
Утринските температури ќе бидат во пораст во следните денови.
Фото: прес-материјал од настанот


