Сончево и топло, попладне местимично нестабилно — прогноза за 31.8.2026
Локално пороен дожд и грмежи попладне; дневни максимуми до 37°C.

Сончево и топло се очекува за 31.8.2026, со мала до умерена локална облачност. На некои места попладне ќе настане нестабилност која може да донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер од југозападен правец.
Детали и утрински мерени вредности
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 21°C, а максимумот од 31 до 37°C.
Информација од ова утро 30.8.2026.
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C): 24 Гевгелија, Кавадарци; 23 Велес, Претор, Демир Капија; 22 Скопје; 21 Штип, Прилеп, Битола, Охрид; 20 Куманово, Тетово, Крива Паланка, Виница, Струмица; 19 Берово, Пожаране; 18 Маврови Анови.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²): 30 Крива Паланка, 18 Струмица, 13 Виница, 8 Берово, 6 Тополчани, 3 Битола, 1 Радовиш Пожар, Крушево.
Деталите во МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР.
Фото: прес-материјал од настанот