Сопственикот на Ботев Пловдив, Илијан Филипов, застрелан во Пловдив
Министерството за внатрешни работи потврди дека Филипов е убиен во својот дом – сигнали за престрелка пристигнаа околу 1:00 часот.

Илијан Филипов, бизнисменот и сопственик на бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив, е убиен во текот на ноќта во Пловдив, а инцидентот на 30.09.2026 го потврди Министерството за внатрешни работи.
Сигналот за престрелката бил пријавен околу 1 часот по полноќ, по што на местото пристигнале полициски и истражни екипи. Првичните информации укажуваат дека тој бил погоден со еден куршум во главата.
Филипов беше познат како основач и сопственик на транспортната компанија PIMK, а во последните години беше директно поврзан и со Ботев Пловдив. Во јуни 2025 година ја презеде сопственоста над клубот и соопшти дека ќе ги преземе обврските поврзани со значителните долгови на претходното раководство.
Неговото име беше поврзано и со плановите за изградба на стадионот „Христо Ботев“. Само неколку часа пред трагедијата, Филипов бил присутен на стадионот „Христо Ботев“, каде што го следел натпреварот меѓу Бугарија и Естонија во Лигата на нациите, кој заврши 0-0.
Полицијата засега не објавила повеќе оперативни детали додека трае истрагата, а фудбалската јавност во Бугарија и пошироко реагираше со шок на веста додека се расветлуваат мотивот и сторителите.
Претходно: Анес Мелиќи: "Наскоро ќе дојдат и головите!"
Фото: прес-материјал од настанот


