Спаиќ: Се подготвува координирана хибридна операција против Црна Гора
Премиерот предупредува дека по затворањето на новите преговарачки поглавја ќе следи хибридна акција, која според него ќе вклучи претставници од најмалку две држави од регионот.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ предупреди дека се подготвува координирана операција со цел дестабилизација на Црна Гора и рече дека таквите обиди нема да го променат курсот на земјата кон Европската унија.
Предупредување од премиерот
Спајиќ го објави предупредувањето на мрежата „Икс“, наведувајќи дека имаат оперативни информации поврзани со текот на преговорите за пристапување.
„Имаме сериозни безбедносни оперативни информации дека по најавеното затворање на новите преговарачки поглавја ќе следи координирана хибридна акција, во која ќе бидат вклучени претставници на најмалку две држави од регионот", напиша Спајиќ на мрежата „Икс“.
Премиерот појасни дека целта на, како што ги опиша, ваквите активности е дестабилизација на земјата и дека се очекува поддршка од одредени политички актери и дел од медиумската сцена.
„Според нашите сознанија, ваквите активности имаат за цел дестабилизација на Црна Гора, со очекувана поддршка од одредени политички актери и дел од медиумската сцена во нашата земја. Знаеме за овие намери и сме свесни за нивната цел. Обидите за дестабилизација нема да го променат нашиот курс ниту ќе го запрат европскиот пат на Црна Гора, што е поголемо од секојдневниот интерес на која било политичка структура“, рече Спајиќ.
Изјавата доаѓа во време кога ЕУ се разгледува можноста да ги вклучи Црна Гора и Исланд во ист пакет за проширување. Владата и безбедносните служби велат дека го следат развојот на настаните и дека курсот кон интеграција кон Европската унија ќе продолжи.
Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC