Србија пријави двајца први случаи на западнонилска треска
Заболените се двајца жители на Белград, на возраст 75 и 82 години, хоспитализирани со невроинвазивна форма на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград.

Во Србија се пријавени првите два потврдени случаи на западнонилска треска оваа година, соопштија здравствените власти.
Станува збор за двајца жители на Белград, на возраст од 75 и 82 години, кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста.
Институтот за јавно здравје на Србија го објави известувањето по лабораториското потврдување и посочи дека овие два случаи се првите потврдени човечки инфекции со западнонилски вирус во земјата за тековната сезона.
Превентивни мерки
Од институтот упатија препораки до граѓаните за лична заштита со цел намалување на убодите од комарци и ризикот од инфекција.
- Користење репеленти при престој на отворено.
- Носење светла облека со долги ракави и ногавици.
- Избегнување престој на отворено во самрак и зори, кога комарците се најактивни.
- Редовно отстранување на застоена вода од саксии, кофи, буриња, конзерви и други садови.
- Отстранување на стари гуми и предмети во кои може да се собира вода за да се намали бројот на места погодни за размножување на комарците.
Институтот нагласи дека отстранувањето на застоената вода во околината и следењето на мерките за лична заштита се клучни за спречување на натамошни случаи во периодот на активност на комарците.
Фото: прес-материјал од настанот