Србин уапсен за хакирање на државни институции во Хрватска
Дирекцијата на полицијата соопшти дека Службата за кибербезбедност ја завршила истрагата и дека е поднесена кривична пријава до обвинителството во Загреб.

Хрватската полиција уапсила државјанин на Србија по завршување на истрага за хакерски напади врз компјутерските системи на неколку државни институции.
Дирекцијата на полицијата соопшти дека Службата за кибербезбедност ја завршила истрагата против полнолетниот државјанин на Србија, поради сомнение дека извршил "тешки кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци, како и кривично дело неовластено користење лични податоци."
Претреси и одземања
Според полицијата, осомничениот неовластено пристапувал до компјутерските системи на повеќе правни лица и органи на јавната власт. Врз основа на судски налози биле извршени претреси во простории, возила и на електронски уреди.
При претресите биле одземени предмети и дигитални податоци за кои постои сомнение дека се поврзани со извршувањето на кривичните дела. Осомничениот бил спроведен во притвор на 29 јули 2026 (вчера), а против него е поднесена кривична пријава до Жупаниското државно обвинителство во Загреб.
Полицијата соопшти дека истрагата продолжува со цел да се утврдат сите околности на случајот.
Фото: Илустрација / Приватна архива на