Среќен 14-ти роденден, Анастасија — девојчето што ја промовира Македонија на германски
Младата креаторка која снима на германски продолжува да ги прикажува македонските убавини.

Анастасија Анастасова денеска полни 14 години — вреден јубилеј за младата креаторка која стана препознатлива по јутјуб-каналот Mit Anastasija, преку кој на германски јазик ги промовира убавините и приказните од Македонија.
Нејзината онлајн-приказна започна откако семејството се пресели во Германија. Таа веќе четири години активно снима видеа на германски со цел да ѝ ја приближи нашата земја на тамошната публика. На Инстаграм е присутна со профилот @mit_anastasija.official каде објавува дел од материјалите и моменти од снимањата.
Музика, интервјуа и актерски искуства
Во едно интервју Анастасија јасно ја објасни својата мотивација: "– Сакам на моите другарчиња овде да можам да им покажам колку е убава мојата земја, но бидејќи не можам сите да ги донесам тука, одлучив јас да им ја однесам Македонија на нив. Тоа го правиме преку видеа, кога доаѓаме овде со моите снимаме видеа на различни локации, потоа ги монтираме со тато и во нив јас раскажувам на германски јазик – вели во едно интервју слатката Анастасија.
Покрај патописните клипови, таа снима и интервјуа со познати имиња од домашната сцена, вклучително и политичари. Пред извесно време беше вклучена во музички проект во кој носечка улога имаше во песната "Со маки сум се родила", со учество на повеќе познати имиња од македонската музичка сцена.
Од неодамна таа се појавува и во забавен комичен серијал каде глуми ќерка-тинејџерка со сите свои каприци, што ѝ додава нови искуства пред камера. Следбениците и фановите ѝ посакаа среќен роденден со честитки на социјалните мрежи.
Фото: прес-материјал од настанот


