Почетна
Македонија

ССМ: Кошничка со кирија за 60 м2 над 86.200 денари, семејство со две минималки фали 20.700 денари

ССМ проценува дека основните трошоци за четиричлено семејство надминуваат 70.800 денари; со кирија потребите се над 86.200 денари, создавајќи дефицит за семејства со минимални плати.

·Македонија
ССМ: Кошничка со кирија за 60 м2 над 86.200 денари, семејство со две минималки фали 20.700 денари

На едно четиричлено семејство за покривање на основните трошоци во месец ноември му се потребни над 70.800 денари, што е пораст од речиси 500 денари во однос на претходниот месец. Ако на оваа сума се додаде киријата за стан од 60 квадратни метри, месечниот износ се искачува на над 86.200 денари.

Колку значи тоа за семејствата со минимални плати

Најголемиот дел од месечните трошоци оди за храна и пијалаци — речиси една минимална плата. Според бројките на ССМ, ако во едно четиричлено семејство има две возрасни лица кои работат за минимална плата, тоа семејство му недостасуваат над 20.700 денари месечно за да ја покрие синдикалната кошничка.

Минималната плата во земјата е нешто над 26.000 денари. Синдикатите неколку пати побараа да се покачи — прво на 500, а потоа на 600 евра — но на Економско-социјалниот совет владините претставници одговорија дека пораката е синдикатите да се договорат со работодавачите.

Во меѓувреме, откако владата ја оспори кошничката на ССМ поради тврдења дека во неа има спорни производи, изработи своја варијанта како минимална, просечна кошничка, која најчесто е пониска од онаа пресметана од синдикатот.

Разликата помеѓу проценетите трошоци за живот и фактичките приходи покажува оти семејствата со ниски примања и натаму се под притисок, особено кога се вклучат и трошоците за домување.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи