Стабилна епидемиолошката состојба во Гостивар — вчера регистрирани 60 нови прегледи
Министерството за здравство информира дека, иако има пораст од претходниот ден, бројот е далеку под пикот од 18 јули.

Вчера во здравствените установи во Гостивар се пријавени 60 нови прегледи, информира Министерството за здравство (МЗ). Прегледите биле евидентирани во примарните здравствени орга-низации во градот, меѓу кои и Здравствениот дом Гостивар.
Од ресорот велат дека иако оваа бројка претставува зголемување во однос на претходниот ден, вкупниот тренд е значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи.
„Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна“, се вели во соопштението од здравствените власти.
Клучни бројки за периот 14–31 јули
Од 14 до 31 јули во Гостивар се регистрирани вкупно 4 543 прегледи. Пријавени се 1 028 формални пријави за заразни болести и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети со опфат од 71 отсто.
Во локалниот извештај стои и дека на 30 јули биле евидентирани 36 прегледи, при што четворица пациенти биле хоспитализирани тој ден — бројка која е приближно двојно помала од таа регистрирана во претходниот ден.
Здравствените служби велат дека ќе продолжат со интензивно следење на состојбата и дека мерките за надзор на клиниките во општина Гостивар остануваат на сила за да се реагира навреме на евентуални промени.
Фото: Принтскрин