Стоечки овации во МНТ за „Црно злато“ — омаж на Дуковски и Унковски за Горан Стефановски
Премиера на 27 ноември во Македонскиот народен театар; публиката ја поздрави претставата со големи аплаузи и стоечки овации.

„Некаде тргнавме, никаде не стигнавме“ е реплика која остана врежана во сеќавањето по премиерата на „Црно злато“ во режија на Слободан Унковски, по текст на Дејан Дуковски, која синоќа (27 ноември) беше изведена на Македонскиот народен театар.
МНТ беше полн: театарски уметници, амбасадори и бизнисмени го следеа проектот, кој доби големи аплаузи и стоечки овации и за време на претставата и на нејзиниот крај.
Тандем што се цени и надвор од границите
Проектот Дуковски–Унковски е театарски настан вреднуван не само во земјава туку и по европските сцени. „Црно злато“ е десеттата претстава на Дуковски и петта во соработка со режисерот Унковски. Драматургот и режисерот, реномирани и долгодишни соработници, ја посветија претставата на нивниот учител и пријател Горан Стефановски, кој почина на 27 ноември 2018.
Во текстот има траги од драмите на Стефановски — еден вид омаж од Дуковски кон големиот учител, од кого, како што се вели, научил многу за животот и за театарот.
Унковски и Стефановски беа долгорочни соработници и пријатели кои заедно создадоа неколку култни драми и тв-проекти, влијание што новата премиера јасно го потсетува.
Фото: К. Галевски)


