Почетна
Магазин

Стокомак воведува модуларен дом од 18 m²: комплетна опрема и монтажа

Стокомак најави модуларен дом од 18 m² со вградени инсталации, целосен тоалет и достава до локацијата.

·Магазин
Стокомак воведува модуларен дом од 18 m²: комплетна опрема и монтажа

Познатиот ланец маркети Стокомак најави дека во својата понуда наскоро ќе го вклучи и модуларниот дом со површина од 18 m², наменет како викенд-куќичка, камп-куќичка или дополнителен простор во дворот.

Според објавените податоци, куќичката е со димензии 6440 mm должина, 2950 mm ширина и 2480 mm висина, што дава вкупна површина од приближно 18 m².

Технологија, изолација и внатрешно уредување

Во каталогот е наведено дека конструкцијата содржи интегриран EPS панел во боја со дебелина од 50 mm, висококвалитетна термоизолација и изолиран под. Надворешните ѕидови се со рамен кров и 3D стереоскопски релјеф, а вграден е алуминиумски прозорец кој се отвара нанадвор.

Тоалетот е целосно опремен: тоалетен мијалник со чешма, огледало, моноблок систем (казанче и шолја), систем за туширање, прозор за вентилација и SPC под.

Електричната и водоводната инсталација се веќе вградени. Доставата до локацијата и брзата монтажа се наведени како обврска на продавачот; обврска на купувачот е да обезбеди соодветна локација и подлога и да обезбеди поврзување со електрична енергија, довод и одвод за вода.

Цена за сега не е објавена — Стокомак најавува дека таа ќе биде соопштена дополнително откако биде финализирана, со напомена дека производот ќе оди во духот на нивното препознатливо мото за големи заштеди. Објавата предизвика голем интерес и бројни коментари на социјалните мрежи.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи