Стопанската комора доделува признанија на 18 компании за децениски јубилеи во 2026
Признанијата ќе се предаваат на денот на јубилејот за секоја компанија како знак на благодарност за долгорочна лојалност.

Стопанската комора годинава ќе додели признанија на осумнаесет свои членки кои во 2026 година одбележуваат децениски јубилеи.
Кој ќе добие признание
Овие осумнаесет компании и нивните јубилеи се:
- АЛКАЛОИД АД Скопје – 90 години;
- МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп – 80 години;
- ЖИТО ЛУКС АД Скопје – 80 години;
- ВИТАМИНКА АД Прилеп – 70 години;
- СКРИН ПРИНТ ДОО Скопје – 30 години;
- РАДЕ КОЧАР – ТЕП ДООЕЛ Скопје – 20 години;
- ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје – 20 години;
- АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје – 20 години;
- ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ – 20 години;
- ЕЛВИЕТ ТРИУМИНГС ДООЕЛ Штип – 20 години;
- АРС ЛАМИНА ДОО Скопје – 20 години;
- ДМЦ БАЛКАНС ДОО Охрид – 10 години;
- ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Прилеп – 10 години;
- АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Струмица – 10 години;
- ПАРКЛЕНД ХОСПИТАЛИТИ ГРУП (PARKLAND HOSPITALITY GROUP) Скопје – (МАЛИКИ ГРУП) – 10 години;
- ЏОКЕР ИНС БРОКЕР АД Гевгелија – 10 години;
- ФД МИНТ СН ДОО Битола – 10 години;
- РЕСТОРАН ВОДЕНИЦА ОНЕ ТП, Скопје – 10 години;
Одлуката за доделување признанија се темели на фактот дека, од почетокот на транзицијата, македонската економија постојано беше изложена на влијанијата на низа кризи. Комората, преку континуирана и директна комуникација со компаниите и во рамки на јавно–приватниот дијалог со владини институции, успеа да помогне да се одржат здрави компании.
Традиционално, како и секоја година, признанијата ќе се доделуваат на денот на одбележување на јубилеите за секоја компанија поединечно, а не на една заедничка церемонија.
Наградите се знак на благодарност за долгорочната лојалност кон Комората и признание за отпорноста на фирмите низ светски, економски, здравствени, финансиски и енергетски шокови во изминатите децении.
Фото: прес-материјал од настанот


