Струга губи најмалку половина милион евра годишно поради нерегулирани плажи
Договорите за плажите во Струга истекоа во 2016; голем дел од операторите не плаќаат на Општина Струга.

Општина Струга губи најмалку половина милион евра годишно поради нерегулиран статус на плажите и неплатени надоместоци од страна на операторите долж брегот на езерото.
Договорите за концесија за плажите во Струга истекоа во 2016 година, а со текот на времето цврсти градби се издигнати на речиси секоја слободна површина, со што се намалува јавниот простор и се губат приходи за локалната каса.
Градоначалникот и партиските претставници бараат решенија
„Плажите во градот Струга работат нелегално, имено на црно. Ова значи дека ниту еден од субјектите што моментално управуваат со плажите не плаќа надомест на Општина Струга. Што се однесува до делот од плажите што се во директен договор со хотелските објекти, секако, тие платиле одреден дел. Додека останатите, чии концесии се истечени, претежно не исплатиле средства на Општина Струга“, изјави Менди Ќура - градоначалник на Општина Струга.
ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека треба да се слушнат и сегашните концеденти, но и дека законите треба да се применуваат. „Едно е да имаш финансиски бенефиции, но без државна помош и без консултации и заедничко дејствување, знаеме дека толку сложен проблем, кој се акумулира веќе деценија и пол, не може да се реши со никакво решение само за да се обезбедат приходи“, рече Мите Стефоски - советник на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека се бара трајно решение, плажите во Струга продолжуваат да функционираат на истиот начин и ова лето. Нема ништо од Законот за плажи, за кој Ќира претходно рече дека ќе биде донесен во март годинава, и проблемот со неодредениот правен статус важи и за Охрид, каде што секоe лето речиси секој сантиметар од плажите е покриен со лежалки и чадори, и покрај законската обврска 40% од површината да биде бесплатна за користење. Некои од објектите исто така работат како ресторани низ целата година.
Фото: прес-материјал од настанот