Струга ТЛ бара петта домашна победа — Радески на праг на 30. гол
Денес од 16:00 на Градскиот стадион во Струга, напаѓачот Марјан Радески најавува дека приоритет се трите бода.

Денеска, 21.09.2026, од 16:00 часот на Градскиот стадион во Струга, во меч од 8. коло на Првата лига, Струга Трим Лум ќе го пречека составот на Арсими. Под водство на Бледи Шкемби, домаќините до сега забележаа четири победи на свој терен и сега сакаат петта по ред.
Напаѓачот Марјан Радески предупреди дека тимот од Чегране заслужува респект, но дека целите на Струга се јасни — трите бода да останат дома.
Радески ќе го бара јубилејниот гол
„ С акам да кажам дека го почитуваме Арсими, но Струга Трим Лум има свои јасни цели, а тие се трите цели бода да останат во Струга. Сепак, за да се постигне такво нешто, ние како тим мора да дадеме дури и повеќе од максимумот за да дојдеме до посакуваниот резултат. Во модерниот фудбал, сите знаеме дека повеќе нема лесни противници, па затоа мора да бидеме на вистинското ниво, како што знаеме, за да ја продолжиме серијата победи на домашен терен.“ – посочи напаѓачот на Струга ТЛ.
Радески додаде: „Како напаѓач, секогаш го барам тој гол во противничката мрежа, но прво се ставам себеси на прво место како тимски играч, бидејќи само на тој начин можеме повеќе да придонесеме за тимот. Ако секој од нас се стави во служба на тимот, тогаш како тим можеме многу полесно да постигнуваме голови.“
Тој не ја крие желбата да го постигне јубилејниот погодок: „ Секако дека би сакал да го постигнам тој јубилејен гол денес против Арсим и , но ќе повторам , за мене и тимот најважно е 3-те бода да останат во Струга и за време на паузата поради натпреварите на нашата репрезентација, да одиме со мирни глави и без преголем товар“. Ако погодокот дојде, тоа ќе му биде 30-ти гол во Првата лига со „црвено-белиот“ дрес.
Фото: прес-материјал од настанот


