Почетна
Балкан

Студентска листа најави ревизија на договорите со Косово

Емилија Марковиќ најави ревизија на договорите; Владата на Косово бара потпис на Договорот од 2023 за да се обезбеди спроведување.

·Балкан
Студентска листа најави ревизија на договорите со Косово

Студентската листа, која победи на парламентарните избори во Србија, најави ревизија на договорите постигнати во рамките на дијалогот со Косово.

„Програмата на Студентската листа во Србија подразбира дека Уставниот суд на Србија ќе ги разгледа договорите постигнати во рамките на дијалогот со Косово за нормализација на односите“, изјави денеска кандидатката на Студентската листа, Емилија Марковиќ.

На прашањето дали Студентската листа, која победи на парламентарните избори, ќе остане посветена на обврските кои произлегуваат од дијалогот меѓу Приштина и Белград, Марковиќ рече дека новите власти сеуште не воспоставиле ефикасна влада и не знаат точно што е потпишано.

Обврските од 2023 и статусот на документите

Европската Унија порача дека промена на власта во Србија не ги менува обврските на земјата во процесот на нормализирање на односите, вклучително и обврските што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација од 2023 година и од Анексот за негoво спроведување. Со тој пакет, Србија се обврза да го почитува територијалниот интегритет на Косово и да не се меша во неговото членство во меѓународни организации. Косово се согласи да формира Заедница на општини со српско мнозинство, што би ѝ дало на српската заедница одредено ниво на самоуправување.

Иако Белград и Приштина начелно се согласија и во Охрид се договори Анекс, документите сè уште не се официјално потпишани. Марковиќ оцени дека новите власти ќе имаат сериозни разговори со претставници на меѓународната заедница и додаде дека „тие разговори овој пат мора да започнат од некоја друга основа”.

Владата на Косово, во својот одговор, потврди дека нејзиниот став во врска со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство е јасен со подолго време и дека е потребно да се потпише Договорот за патот кон нормализација за да се гарантира неговото спроведување.

Фото: Фејсбук страница на Студенти во блокада/посета на Косово

Поврзани написи