Почетна
Македонија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува во судницата во Идризово

Одбраната ќе сослуша вработени, пиротехничар и други сведоци во процесот кој следи пожарот од 16 март 2025 година.

·Македонија
Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува во судницата во Идризово

Во судницата во затворот Идризово денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што одбраната ќе ги сослуша предложените сведоци.

Одбраната најави повеќе сведоци поврзани со клубот

На претходното рочиште сведочеше Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов, која пред судот изјави дека во објектот имало противпожарни апарати, панични светла и означени излези, како и дека пиротехника се користела и на претходни настани во дискотеката.

За денешното рочиште одбраната на првообвинетиот најави сослушување на неколку сведоци, меѓу кои вработена во „Пулс“, пиротехничар ангажиран од дискотеката, соработник на музичката група ДНК, угостител од Гевгелија, вработен во противпожарната служба, како и лица кои учествувале во внатрешното уредување и во раното работење на објектот.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по пожарот што се случи на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи