Почетна
Македонија

Судски совет ја одржува 557-та седница — тримесечни извештаи за април–јуни 2026

Дневниот ред ја вклучува разгледувањето и усвојувањето на извештаите за работа на судовите за периодот април–јуни 2026 и кадровски одлуки.

·Македонија
Судски совет ја одржува 557-та седница — тримесечни извештаи за април–јуни 2026

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 557-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и разгледување и усвојување на тримесечните извештаи за работа на судовите за периодот април–јуни 2026 година.

На дневен ред

На седницата е предвидено и разгледување на извештај по објавен оглас за избор на претседатели на основните судови, како и извештај од комисии за проверка на навременоста и комплетноста на поднесените пријави по одделни огласи.

Од Посебен интерес ќе биде усвојувањето на извештајот по огласот за избор на претседатели на Основен суд Гостивар, Основен суд Дебар и Основен суд Свети Николе.

Судскиот совет ќе ги разгледа и констатациите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документите по огласот за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје и по огласот за избор на претседател на Основен суд Струга.

Во рамки на денешната расправа ќе биде претставен и извештајот од работната посета на Основен кривичен суд Скопје, во кој се содржани забелешки и препораки од посетата.

На крајниот дел од дневниот ред се предвидени избор и разрешување на судии-поротници, како и расправа и одлучување по други извештаи за констатирана состојба во судскиот систем.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи