Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезона
Натпревар за Суперкупот на 26 септември 2026 во Спортската сала во Куманово, со директен пренос на Македонската радио-телевизија.

Нова натпреварувачка сезона во македонската клупска кошарка официјално ќе се отвори со натпреварот за Суперкупот „Драган Василов – Цевка“.
Натпреварот е закажан за сабота, 26 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, а ќе се одигра во Спортската сала во Куманово.
Согласно системот на натпреварување
Во Суперкупот се среќаваат шампионот на највисокото сениорско првенство и освојувачот на Купот на Македонија. Бидејќи МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2025/2026 ги освои и шампионската титула и Купот на Македонија, противник на актуелниот шампион во Суперкупот ќе биде МКК Куманово, финалистот во Купот на Македонија.
Натпреварот ќе има директен телевизиски пренос на Македонската радио-телевизија, што го прави првиот официјален пренос и пресметка во новата сезона.
За првиот трофеј во сезоната ќе се борат:
МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово
Фото: прес-материјал од настанот


