Сузана Лазовиќ ќе учествува на Првиот Женски ракометен форум во Охрид
Сузана Лазовиќ, олимписка медалистка и денешна селекторка на Црна Гора, меѓу панелистките на Форумот.

Ракометната федерација на Македонија го организира Првиот Женски ракометен форум во Охрид, на маргините на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“, со цел да им овозможи на играчките и тренерските генерации да слушнат искуства од најдобрите во регионалниот женски ракомет.
Голем имиња, практичен фокус
Во фокусот е Сузана Лазовиќ — членка на златната генерација на Црна Гора, која во незаборавната 2012 година освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон, злато на Европското првенство и со Будуќност ја освои Лигата на шампионите истата година. Европскиот клупски трофеј го подигна уште еднаш, во 2015 година.
Играчката кариера на Лазовиќ беше прекината многу рано, на само 25 години. По завршувањето на активната игра, таа остана во ракометот и изгради кариера како тренер: денес е селекторка на женската сениорска репрезентација на Црна Гора, а паралелно е и тренерка на унгарскиот Alba Fehervar со договор продолжен до крајот на сезоната 2027/28.
На панелот ќе настапат Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ, а модератор ќе биде Јана Серафимова. Организатор е Ракометна Федерација на Македонија.
Теми како лидерство, развој на таленти и премин од врвен играч во тренер се очекува да доминираат на дискусијата, која е наменета за актуелни репрезентативки, тренери и млади играчи кои сакаат да напредуваат во ракометот.
Детали: Датум: 26.09.2026 — Локација: Спортска сала „Билјанини Извори“, Охрид — Време: 11:00 – 13:30.
Фото: прес-материјал од настанот


