Почетна
Магазин

Свети Галактион и Епистима: празник на вистинската љубов

На 18 ноември МПЦ го одбележува споменот на парот што го раздели имотот, се замонаши и пострада за верата.

·Магазин
Свети Галактион и Епистима: празник на вистинската љубов

Денеска (18 ноември по нов, односно 5 ноември по стар стил) Македонската православна црква и верниците го одбележуваат споменот на Светите преподобномаченици Галактион и Епистима — светци поврзани со идејата за најчистата, духовна љубов. Нивната одлука да се откажат од богатството и од бракот, да им се посветат на Бог и да пострадат за верата се чува во црковната традиција.

Според житието, двојката потекнувала од богати незнабожечки семејства во финикискиот град Едеса. Неговиот мајка, Левкипија, ја прифатила христијанската вера и го крстила својот син Галактион. Кога тој стасал за оженување, таткото ѝ ја свршил убавата девојка Епистима.

Но Галактион не ја посакувал световната патека. Тој ја упати својата свршеница кон христијанството; Епистима се крстила и двојката донела одлука да го раздели имотот меѓу сиромасите, да се откаже од брачните врски и да влезе во манастир.

Повлекување и мачеништво

Тие се повлекле на гората Пуплион, но во одделни обители — тој во мужка, таа во женска — и ја насочиле љубовта кон молитва, пост и смирение. Според житието, не се виделе еден со друг сè до последните мигови од животот.

Тие биле откриени за време на жестоките прогонства во 253 година. Галактион бил уапсен и изведен пред суд; Епистима доброволно тргнала по него, не сакајќи да се одвои од својот духовен брат. Двајцата одбиле да го одрекнат Христа, доживеале тешки мачења и биле погубени. Нивните тела чесно ги погребал монахот Евтолиј.

Во народната вера, Свети Галактион и Епистима се сметаат за заштитници на искрената љубов — партнерска, братска или пријателска. Се верува дека преку молитва на овој ден може да се отвори патот кон вистинската љубов, а некому во сон да ѝ се појави личност или знак кој ќе помогне да ја сретне сродната душа.

Тропар: "Вера имајќи повредна од животот земен, дарувана ви беше о, Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени одозгора. Маченички страдајќи раце подадовте – во прегратка Христова примени бевте, нозе подавајќи – до Царството Небесно стигнавте, молете се за нас о, вие чии срца, го глаголат Името Господово."

Напомена: Бидејќи денешниот празник паѓа во среда, според црковниот календар верниците денес постат на вода.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи