Почетна
Македонија

СВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпад во Лепенец

На 17.09.2026 полициската станица Карпош повика М.И.Б.(38) поради видеоснимки на кои жена во „порше" фрла отпад во Лепенец.

·Македонија
СВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпад во Лепенец

СВР Скопје ја откри и ја санкционираше жената која беше снимена како фрла отпад во реката Лепенец.

Денеска (17.09.2026) во 11:45 часот, во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикана М.И.Б.(38) од Скопје, во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како непознато женско лице со патничко моторно возило „порше", на улица „Скупи", кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката. По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор, соопшти МВР.

Изготвени платени налози

По документирање на случајот, на М.И.Б. и е изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота, поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена, како и записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирано патничко моторно возило на коловозна лента.

Полициските мерки следуваат по објавените видеоснимки на социјалните мрежи, по кои беше утврден идентитетот на лицето и беше извршен службен разговор во полициската станица Карпош.

Случајот е документиран и против лицето се преземени административни мерки согласно наведените членови од законите.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи