Тања Кочовска и Тони Михајловски имаат за славење – признанија од Никшиќ 2026
Првенците на МНТ добија фестивалски признанија за актерските остварувања во претставата „Страв и надеж“.

Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, добија фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026 за своите остварувања во претставата „Страв и надеж“.
Награди за актерските парови
Тања Кочовска ја освои наградата за најдобра женска улога, додека Тони Михајловски беше прогласен за најдобра машка епизодна улога. Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше вклучена во официјалната фестивалска програма, а настапите на двајцата првенци на МНТ беа посебно истакнати.
Во образложението на жирито стои: „Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“ Жирито го сочинуваа: Миодраг Кривокапиќ (претседател), Даница Максимовиќ и Стеван Вуковиќ.
Ова двојно признание ја збогатува низата фестивалски награди кои ги следат двете имиња, а ја потврдува и вредноста на нивната соработката на сцена.
Наградите на свеченото доделување ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, кој зборуваше за значењето на признанијата.
„Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа – Никола Кимовски, директорот на МНТ.
Фото: прес-материјал од настанот


