Почетна
Магазин

Татијана Стефановска на 42 стана мајка: Ана ѝ ја промени секојдневието

Фолк‑ѕвездата и сопругот Митко Бежановски долго се обидуваа да добијат дете; Ана е родена во 2021 и ова лето наполнува пет години.

·Магазин
Татијана Стефановска на 42 стана мајка: Ана ѝ ја промени секојдневието

Татијана Стефановска (47) важи за една од нашите најпознати и најбарани фолк‑пејачки, а мајчинството ѝ донесе промена во секојдневието и приоритетите.

Таа и нејзиниот сопруг Митко Бежановски со години се обидуваа да се остварат како родители; по девет години брак ја добија ќерката Ана. Татјана се породи во 2021, така што ова лето со сопругот им го прославија петтиот роденден на ќерката.

Помина низ тешка патека до мајчинството

Во една прилика Татјана за промените во животот по породувањето кажа: „Даа, станав мајка и животот ми доби друга насока. Сега имам поинакви гледишта на работите. Да се биде мајка е најтешката, но и најубавата работа на светот. За најубавата, знаев дека ќе е така, но за најтешката работа, не знаев:)) Многу тешки ситуации поминав за да станам мајка, но ниеднаш не се пожалив и ниту еднаш не бев гневна. Работите си доаѓаат кога Бог сака и ние не можеме да го смениме тоа. Сѐ вредеше, за сега да ја имаме Ана “

Пејачката откри дека поради долгата борба за потомство станала по претпазлива мајка: „Јас сум и премногу грижлива мајка. Не ја сакам таа особина кај мене, но, тоа е што е. Можеби е така, затоа што, тешко стигнав до дете, можеби тоа што на 42 ја родив Ана.. не многу млада. Сепак повозрасна жена е посвесна за работите и опасностите кои можат да се случат, па затоа сум и повеќе претпазлива и повеќе паничам од многу други мајки“, изјави Татијана.

За начинот на воспитување додаде: „Ја воспитуваме Ана, пред сѐ да биде добро дете, да биде скромна, да искажува љубов, да дели со другите дечиња. Неодамна почна да оди во градинка и многу ми е мило за тоа. Сакам да учи уште повеќе, заедно со останатите дечиња“, сподели Татјана. Парот следната година ќе го прослави 15‑годишниниот јубилеј од бракот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи