Тажна разделба во ООУ „Гоце Делчев“: почина наставничката по математика Ирена Цветковска Ѓорѓеска
Ученици, колеги и пријатели се простуваат со пораки и свеќи; училиштето ја опишува како посветен педагог и човек со големо срце.

Со тажни пораки и свеќи, учениците, поранешните ученици, колегите и пријателите на ООУ „Гоце Делчев“ – Центар се простуваат од нивната долгогодишна наставничка по математика, Ирена Цветковска Ѓорѓеска.
Тажната вест за нејзината прерана смрт предизвика бројни реакции на социјалните мрежи; под објавата на училиштето се нижат десетици пораки на сочувство, честитки и симболи на тага. Многумина во писмата ја наведуваат и нејзината фамилија, особено синот Симон.
Познаничките и поранешните соученици ја опишуваат како топла, искрена и посветена наставничка. Во коментарите стои:
“Добродушна жена! Почивај во мир професорке”
“Ирена драга, зарем и ти златна си замина пред време. Не ми се верува, лепотице. Ќе те паметам по дружењето и студиите на ПМФ. Почивај во мир и летај со ангелите”
“Искрено сочувство до синот Симон и семејството. Последен пат кога се слушнавме, убав муабет си направивме. Ми вети дека ќе ми дојдеш на кафе. Многу ми е жал. Почивај во мир драга Ирена”
Проштална порака од училиштето
Од колективот на ООУ „Гоце Делчев“ – Центар споделија трогателна проштална порака во која истакнуваат дека загубиле исклучителен педагог, посветен професионалец и човек со големо срце. Во објавата се вели:
“Последен поздрав до нашата драга колешка и наставничка по Математика, Ирена Цветковска Ѓорѓеска. Со длабока тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашата почитувана колешка, пријателка и долгогодишен наставник по Математика, Ирена Цветковска Ѓорѓеска. Нашето училиште, ООУ „Гоце Делчев“ – Центар, загуби исклучителен педагог, посветен професионалец и човек со големо срце. Со својата посветеност, трпение и љубов кон науката, таа со години им ја доближуваше математиката на генерации ученици. За неа бројките и формулите никогаш не беа само сувопарни правила на таблата, туку начин да ги научи децата да размислуваат, да истражуваат и да веруваат во сопствените можности. Во колективот ќе остане запаметена по нејзината добрина, колегијалност, искрена насмевка и подготвеност секогаш да подаде рака и да помогне. Нејзиното отсуство остава голема празнина во нашите училници, во наставничката канцеларија и во нашите срца.”
Колегите додаваат дека нејзината посветеност и трпение оставиле трага кај генерации ученици, и дека нејзината празнина ќе се чувствува во секојдневниот живот на училиштето.
Фото: Унсплаш


