Техеран му порача на Вашингтон да признае воен пораз
Иран вети дека ќе го контролира пристапот преку Ормускиот теснец додека САД не ги прифатат неговите услови; предупредување за раст на цените на горивата.

Техеран денес упати остар повик кон Вашингтон да го признае, како што велат иранските официјални лица, воениот пораз, додека американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека блокадата на Ормускиот теснец може да ги зголеми цените на горивата во САД.
„-Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран. Додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да живеете во фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата, -изјави заменик-шефот на иранската дипломатија Казем Гарибабади.
Министерот за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Техеран не одлучил да ги продолжи преговорите со САД и дека, според иранската позиција, Вашингтон треба да ги исполни условите за да се овозможи повторен сообраќај преку теснецот.
Значењето на теснецот
Иранскиот говор за контрола над Ормускиот теснец се темели на неговото стратешко значење: пред војната околу една петтина од светската нафта минувала низ овој премин, што му дава на Техеран голема економска и политичка предност во преговорите.
Во меѓувреме, од Белата куќа доаѓаат предупредувања кон граѓаните на САД за можно зголемување на трошоците за гориво. Цената на бензинот во САД пораснала за 29 проценти во споредба со минатата година.
Невозможноста двете страни брзо да се усогласат го зголемува ризикот од продолжен период на нестабилност на пазарот на енергенси и ја отежнува дипломатската деескалација.
Фото: Rawpixel / CC0