Почетна
Македонија

Тежок пожар во општина Градско, пренасочени ер-тракторите

Пожарот избувна околу 11 часот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево; ангажирани беа ер-трактори, полициски хеликоптер и локално население.

·Македонија
Тежок пожар во општина Градско, пренасочени ер-тракторите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека денеска избил тежок пожар во општина Градско и дека за гасење биле пренасочени и ер-тракторите.

Пожарот се проширил брзо меѓу селата, локалното население помогнало со трактори

„Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина загрозувајќи ги двете села. ​Ми се јави итно градоначалникот на општина Градско, бараше итна помош“, рече Ангелов.

Најпрво биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но тие не биле доволни за да се сопре огнената стихија која се движела со голема брзина. Поради тоа Ангелов ги пренасочил ер-тракторите кои од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината Китка.

„Ги пренасочив овде, помогнаа за почетно фаќање контрола врз овој пожар, а веднаш потоа продолжи со дејство и полицискиот хеликоптер. ​Голема благодарност и до локалното население коешто со трактори излезе да заора, да направи противпожарни пресеки и со тоа да го пресече овој пожар. Се надевам дека набргу истиот ќе биде целосно изгаснат,“ истакна Ангелов во видео изјава.

Одговорните служби посочија дека комбинираната акција — противпожарни екипи на терен, воздушна поддршка и помошта од локалните земјоделци — е клучна за спречување на ширење кон населените места и околното земјоделско земјиште.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи