Почетна
Свет

Товарен брод под малтешко знаме се насука на францускиот брег во Ланд

Екипажот е евакуиран од крајбрежната стража, а експерти предупредуваат на тешкотиите при извлекувањето.

·Свет
Товарен брод под малтешко знаме се насука на францускиот брег во Ланд

Товарен брод под малтешко знаме се насука на францускиот брег во регионот Ланд, во југозападниот дел на земјата. Бродот, кој не носел товар, се насукал во ноќта помеѓу четвртокот и петокот за време на осеката. Екипажот бил евакуиран од страна на француската крајбрежна стража.

Властите и сопствениците ја разгледуваат опцијата за извлекување

Властите во регионот и компанијата-сопственик во моментов ги проценуваат можностите за извлекување на насуканиот брод. За сега нема информации за повредени лица, а првиот приоритет беше безбедната евакуација на екипажот.

Пол Туре – Директор на Вишиот институт за поморска економија, предупреди дека процедурите за извлекување би можеле да бидат многу сложени.

„Прилично е тежок и ќе биде многу тешко да се извлече. Можеби некако ќе успееме. Следното најдоброто решение е тој да биде прогласен за трајно онсепособен. Имаше таков случај пред неколку години во Бретања, каде бродот го разглобија на плажата, бидејќи немаше друг начин како да го извлечат. За време на плимата, со високи бранови и голема количина на вода, во таков момент би значело дека може да се спроведе извлекувањето до отвореното море, вели Пол Туре – Директор на Вишиот институт за поморска економија.

До завршната проценка и одлука одговорните ќе ја следат состојбата на бродот и расположливите услови на море пред да преземат натамошни мерки.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи