Почетна
Свет

Траектот Blue Star Paros пренасочен од Пиреас кон Лаврио по пријава за бомба

На бродот имало 259 патници и 65 членови на екипажот; пиротехничари и куче трагач извршија контрола на пристаништето.

·Свет
Траектот Blue Star Paros пренасочен од Пиреас кон Лаврио по пријава за бомба

Траектот што пловел од пристаништето Пиреас кон островите Сирос, Тинос и Миконос бил пренасочен кон атинското пристаниште Лаврио по пријава за поставена бомба.

Станува збор за траектот Blue Star Paros со 259 патници и 65 членови на екипажот, како и 29 автомобили, 24 камиони и осум мотори.

Проверки на пристаништето

Пиротехничари од крајбрежната служба на Грција извршија контроли во Лаврио, а беа ангажирани и куче трагач за откривање експлозивни направи. На пристаништето исто така беа испратени екипи на противпожарната служба и на итната медицинска помош.

Пренасочувањето и контролите беа направени како претпазливост додека траеше расветлувањето на пријавата.

Пред нешто повеќе од две недели имаше лажна пријава за поставена бомба во траектот Blue Star 1 на пристаништето Пиреас; во тој случај беа евакуирани сите 875 патници и 83 членови на екипажот, а по проверките не беше пронајдено ништо сомнително.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи