Почетна
Македонија

Трајко Бојковски призна убиство на три жени и рече дека мотивот бил парите

На рочиште во Куманово обвинетиот призна три од четири убиства; вештачењата и докази беа презентирани пред пресуда на 6 октомври.

·Македонија
Трајко Бојковски призна убиство на три жени и рече дека мотивот бил парите

Обвинетиот сериски убијач од Куманово, Трајко Бојковски, денеска призна убиство на три жени и изјави дека мотивот биле парите. До сега на претходните рочишта ги негираше обвиненијата, но на денешното рочиште призна три од вкупно четири убиства за кои го гони обвинителството.

За време на сведочењето, Бојковски делуваше збунето и постојано повторуваше дека убил „три баби“, но кога беа изнесени имињата на жртвите не беше прецизен кои од нив се негови. Тој, исто така, призна дека имал два обиди за убиство.

Вештачења и тврдења на обвинителството

Обвинителството го гони за убиство на четири жени, а според наодите од психијатриското вештачење, убиствата биле извршени за да се задоволат неговите сексуални страсти врз мртви жени. Овие налази обвинетиот ги отфрли и рече дека убивал поради пари.

На денешното рочиште беше презентирано и вештачењето од д-р Стојан Бајракатров од Клиниката за психијатрија, кој рече дека обвинетиот бил пресметлив кога ги извршувал убиствата.

Обвинителот Љубомир Лапе нагласи дека обвинетиот има право да избере како ќе се брани, но посочи дека веќе ги признал делата пред јавниот обвинител.

„Тој самиот не знаеше кое кривично дело го негира па на сите вкрстени прашња одговори потврдно. Тој кривичните дела ги призна кај јавен обвинител а има и други докази со кои се поткрепува обвинението. Начинот на одбрана е негово право. Тој смета дека така најверојатно ќе си ја олесни работата и психијатрите сметаат дека обвинетиот делува во насока да си ја олесни состојбата“, рече обвинител Љубомир Лапе.

Завршните зборови се закажани за 6 октомври, по што ќе следи пресуда.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи