Трамп: „Никогаш не сме се согласувале подобро“ на државната вечера со Шји
Шји завршува тридневна посета со државна вечера и посета на Националниот архив; постигнато е „заедничко разбирање“, но главните предизвици остануваат.

Доналд Трамп приреди државна вечера за кинескиот претседател Шји Џинпинг во Белата куќа по тридневна посета, но не се појавија јасни пробиви по најтешките прашања како вештачката интелигенција, трговијата, Тајван и Иран.
Двајцата лидери и нивните сопруги присуствуваа на официјалната вечера во Вашингтон, каде Трамп го истакна позитивниот тон во односите меѓу САД и Кина. „ И претседателот Шји и јас разбираме дека претставуваме различни системи, но врските помеѓу нашите народи опстојуваат и никогаш досега не сме се согласувале подобро. Заедно можеме да продолжиме да градиме однос што промовира просперитет и безбедност за идните генерации“, рече Трамп.
Шји ќе го заврши тридневното гостување со посета на Националниот архив, каде според Трамп ќе се запознае со предмети од американската историја и артефакти што сведочат за долга културна размена помеѓу двете земји.
Клучни теми на разговор
Шји изјави дека тој и Трамп воделе длабински разговори и постигнале заедничко разбирање за многу прашања, но не навлезе во детали за содржината на состаноците. „ Кина и С АД мора да дејствуваат како одговорни големи земји“, рече тој, повикувајќи на нов пристап во координирањето меѓу големите сили.
За време на билатералните разговори, Шји ги повика САД да се спротивстават на независноста на Тајван, пренесе официјалната кинеска агенција. Очекуваше се дека тој ќе врши притисок врз Трамп да ја запре продажбата на оружје за Тајван, вредна околу 14 милијарди долари.
Како дел од гестовите за време на посетата, Шји покани 100.000 американски државјани да студираат во Кина и најави дека ќе испрати две панди во американска зоолошка градина како знак на пријателство. И покрај пријателскиот тон, конкретни решенија по најважните прашања не беа претставени.
Фото: АП)


