Трамп: Откажани напади, денеска почнуваме нови преговори со Иран
Трамп вели дека регионалните сојузници побарале одложување и дека постои можност за договор со Техеран.

Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека ги откажал планираните масовни напади врз Иран и дека денеска попладне ќе почнат нови преговори, без да соопшти каде ќе се одржат или кои ќе учествуваат.
Тој ја објави информацијата на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека Иран и американските сојузници на Блискиот Исток побарале одложување бидејќи сметаат дека договор е возможно.
Подоцна Трамп изјави дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, како и партнери од Обединетите Арапски Емирати и Катар, го замолиле Вашингтон да не изведува напади за време на викендот.
"Сè беше подготвено. Побараа одложување затоа што мислат дека договор е можен. Постои договор околу Хормуз, а ќе има и за нуклеарната програма. Не сакам да убивам луѓе," рече Трамп.
Досега Иран официјално не одговори на неговите изјави.
По објавата на Трамп, цените на нафтата паднаа на азиските пазари: суровата нафта „брент“ поевтини за околу 4,5 проценти, а американската сурова нафта за околу 4,6 проценти.
Фото: Rawpixel / CC0