Почетна
Македонија

Тринаесетгодишник избоден во Чаир — критична состојба

13-годишно дете е тешко повредено во напад во Чаир и е хоспитализирано во животно загрозувачка состојба; петмина приведени.

·Македонија
Тринаесетгодишник избоден во Чаир — критична состојба

Во непосредна близина на булеварот „Македонско-косовска бригада" во скопски Чаир избувнал инцидент во кој учествувале повеќе малолетни лица. Едно од момчињата, на 13 години, задоби тешки повреди во пределот на градниот кош и е во животно загрозувачка состојба; моментално е хоспитализирано во Универзитетската клиника за трауматологија.

Од Универзитетската клиника за трауматологија потврдија дека момчето дошло со тешки повреди на градниот кош и дека е во животна опасност. На пациентот му беше извршен оперативен зафат, а медицинскиот тим констатирал и повреди во пределот на срцето. Состојбата ја потврди и министерот за здравство, Сашо Клековски.

Приведени и тек на истрагата

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека меѓу учесниците е и еден малолетник на иста возраст како повредениот. Тој појасни дека тој малолетник заедно со уште четворица други лица се приведени и дека сега се наоѓаат во полициска станица додека трае истрагата.

Граѓани кои беа сведоци на настанот изразија загриженост и побараа посериозни системски мерки за превенција на насилството меѓу младите, како и поголема родителска контрола. Според нив, семејното воспитување има значајна улога во раните фази од развојот на младите.

Инцидентот во Чаир се случува во период кога јавноста повторно е сведок на низа физички пресметки меѓу малолетници. Дел од овие случаи беа објавувани на социјалните мрежи, а во одредени ситуации беа превземени и кривично-правни дејствија.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи