Почетна
Македонија

Тројца прилепчани претепале скопјанец во Радожда, при претрес пронајдена дрога

Полицијата од Струга привела четворица по инцидент во викенд куќа, при што беа пронајдени наркотични материи.

·Македонија
Тројца прилепчани претепале скопјанец во Радожда, при претрес пронајдена дрога

Ноќеска во 00:30 часот во струшкото село Радожда полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода D.D.(37) од Скопје, со привремен престој во село Радожда, S.F.(36), F.V.(33) и N.Ч.(36), сите од Прилеп.

Според пријавеното, претходно во викенд куќа на D.D. во селото, трите лица од Прилеп физички го нападнале D.D. и му нанеле тешки телесни повреди.

При вршење увид во врска со физичката пресметка во викенд куќата, полициските службеници пронашле бела прашкаста материја, по што била добиена наредба од јавен обвинител и бил извршен претрес во викенд куќата.

При претресот била пронајдена и марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи